X
 28.03.2022 Наука

НАСА отвори примерок од Месечината што се чувал 50 години

Во 1972 година астронаутите на американската вселенска агенција НАСА - Јуџин Сернан и Харисон Шмит ископале дупла на површината на Месечината за да соберат примероци од почвата кои потоа ги донеле на Земјата. Минатата недела НАСА првпат ја отворила кутијата во која биле ставени овие примероци.

- Имавме можност да го отвориме овој неверојатно скапоцен примерок што се чувал 50 години под вакуум - изјавил Томас Зурбухен од НАСА.


Фото: Pixabay

Тој додал дека агенцијата пред 50 години знаела дека науката и технологијата ќе напредуваат и научниците ќе може подобро да го анализираат материјалот. Освен тоа, се смета дека материјалот може да ѝ помогне на НАСА додека се подготвува за претстојното патување на Месечината оваа деценија во рамките на програмата „Артемис“.

- Разбирањето на геолошката историја и еволуцијата на примероците од Месечината на местата на слетување на „Аполо“ ќе ни помогнат да се подготвиме за видовите примероци на кои може да наидеме за време на „Артемис“, изјавил Зурбухен.

Извор: Cnet
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука