X
 06.07.2017 Технологија

Астронаут направи спектакуларна фотографија од нашата иднина

На последните неколку мисии компанијата „Спејс икс“ направи неколку чекори кон иднината, каде што вселенските летови на рециклирани ракети се секојдневна појава.

Фотографија од вселената
(Фото: Jack Fisher / NASA)

Вселенската капсула „Драгон“ во понеделникот се вратила од новиот лет до Меѓународната вселенска станица и така станала прво комерцијално вселенско летало што го извело вториот лет кон МВС (ISS), но и оттаму.

Астронаутот Џек Фишер направи фасцинантна фотографија на која се гледа како „Драгон“ влегува во атмосферата, за набрзо да падне во Тихиот Океан.

Мисијата била спроведена рутински, што всушност била и нејзината цел. Планот на Илон Маск, извршен директор на „Спејс икс“, е да ја рециклира и да ги врати на Земјата сите делови на ракетата, вклучувајќи ја и капсулата, за повторно да бидат искористени, а со тоа да се намалат трошоците за идните мисии.

Пониската цена значи и поголем број летови, но и повеќе експерименти и нови научни откритија. На овој лет „Драгон“ вратил податоци од студијата во која се проучувало како микрогравитацијата влијае врз срцето и матичните клетки, но и истражување на лекови кои би можеле да го решат проблемот со губењето на коскената маса, пренесува Вајрд.

Освен летовите кон МВС, пониската цена на мисиите би можела да доведе и до поголем број сателити, можност за побрза изградба на нови станици во орбитата и за наше побрзо патување на Марс.



Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија