X
 14.07.2015 Живот

Предизвик за сите риболовци - Риба вредна 1 милион долари

Рибата од видот Барамунда ќе биде пуштена во водите на Северната Територија во Австралија со соодветна парична награда од 1 милион долари и уште неколку вредни 10.000 долари.

 

риба


Натпреварот е дел од кампањата за риболов чијашто цел е да се привлечат повеќе туристи на Територијата. Секој кој ќе се регистрира онлајн за натпреварот „Million dollar fish“ ќе има можност да ја добие паричната награда доколку ја фати пуштената риба во периодот од 1 октомври 2015 до 29 февруари 2016 година.

Главниот министер Адам Гилс изјави дека кампањата беше создадена за да се привлечат посетителите од целата Австралија и пошироко со тоа што ќе се докаже дека Северната Територија е најдоброто место за престојување, игра и риболов.

 

Гилс исто така рече дека околу една милијарда Барамунди живеат во Топ енд водите, а ваквиот вид на натпревар е прв за Северната Територија која е позната по својата недопрена животна средина, флора и фауна, како и неверојатниот и спектакуларен рекреативен риболов.


„Тука го има најдобриот риболов во светот, а можноста да се фати иконската Барамунди е еден од најголемите предизвици на сите оние кои обожаваат риболов. Сега овој предизвик доаѓа со потенцијал за освојување на награда од 1 милион долари“, изјави Тристан Солан, дел од AFANT.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот