X
 13.03.2017 Култура

Австралија била колонизирана пред 50.000 години

Историски примероци од коса собрани од Абориџините покажуваат дека по миграција пред 50.000 години популацијата се раширила брзо по источниот и западниот брег на Австралија.

абориџини
Фото извор: 4dancing.ru


Во серија на експедиции кои се случувале од 1920-тите до 1960-тите научниците собрале колку што е можно повеќе антрополошки информации за Абориџините. Тие снимиле филм и аудио, слики, стихови од песни,  како и физички мерки под тешки услови. Сега тие се изложени во Јужниот австралиски музеј.

Но веројатно најголемиот научен доказ е мал прамен коса, кој бил собран со дозвола за мал проект со кој би се изучувале типовите на коса на Абориџините низ Австралија. Но примероците од коса се дошло до заклучок дека укажуваат на неверојатна генетска разновидност. Податоците собрани со примерокот овозможиле да се реконструира генетската структура на пред присилната преселба на Абориџините понекогаш и илјадници километри од нивните традиционални земји.

Резултати од истражувањето

Истражувачите ги дискутирале и потенцијалот и стапиците на генетското истражување и одговарале на општи прашања. Тие дискутирале и зошто резултатите не можат да се користат за земјишно барање или за тест за абориџинството (што е повеќе културна асоцијација). Повратните реакции од заедницата биле позитивни. Постоел силен интерес за генетската мапа на Австралија на Абориџините која би им помогнала на украдената генерација да се поврзи со семејството и земјата.

Мапирани се генетските лози по мајката на најстариот женски предок и пронајдени се забележителни шеми на генетското минато на Австралија. Имено некои генетски гранки се протегале 45.000 до 50.000 во минатото кога луѓето започнале да пристигнуваат во Австралија.

Тие пристигнале на почвата каде што Нова Гвинеја била поврзана со Австралија кога Заливот Карпентарија бил големо езеро со слатка вода и во тоа време веројатно атрактивна локација.
Генетските лози во секој регион се многу јасно изразени дека се различни. Тие кажуваат дека луѓето еднаш се населиле на одредена земја, и останале поврзани со просторот 50.000 години и покрај огромните промени во животната средина и климата.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура