X
 20.01.2020 Живот

Бури со град го погодија истокот на Австралија, пожарите и натаму беснеат

Силна бура проследена со град денеска погодија делови од Австралија, вклучувајќи и многу делови погодени со пожари, додека пожарите и натаму се шират во источните и јужните делови од континентот погодени со суша.

Австралискиот метеоролошки завод издаде предупредување за „силни бури“ проследени со бурни ветрови и силни дождови во голем дел од Нов Јужен Велс, јужен Квинсленед и многу подрачја на државата Викторија. Постои, исто така, ризик од поплави, се наведува во предупредувањето од Заводот.

Австралиската престолнина Канбера, исто така, денеска се најде на удар на силните ветрови и громови проследени со поголеми парчиња мраз, што за само 15 попладневни минути (по локално време) „протатнеа“ низ градот.

Дождот од минатата недела врне во три сојузни држави опустошени од пожарите, донесувајќи извесно олеснување за преморените пожарникари кои од септември се борат со пожарите во Австралија.

Во Квинсленд во текот на викендот многу патишта беа затворени заради поплави.

Град со големина на тениско топче синоќа го погоди Мелбурн, уништувајќи автомобили и имот, а беа упатени над 1.500 повици за помош до интервентните служби.

На социјаланите мрежи се споделуваат видеа и фотографии од силната песочна бура што во неделата вечерта го погоди Нов Јужен Велс, што во градот Дубо достигна бризина од 100 километри на час.

Во меѓувреме, властите продолжуваат да издаваат предупредувања за пожарите што беснеат во многу делови од источна Австралија.

Во Нов Јужен Велс и натаму има 68 активни пожари, додека 27 во државата Викторија.

Во австралиската катаклизма од септември до сега загинаа 29 лица, а изгорени се повеќе од 12 милиони хектари земја.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот