Предрасудите се насекаде околу нас без разлика на тоа дали им судиме на некој поради нивниот изглед или како тие се облекуваат - лесно е да се донесе заклучок за тоа кои се тие како луѓе без разлика дали е свесно или несвесно.
Овие претпоставки се предизвикани во уникатна фото серија од фотографот Џоел Парез. Во неговата фото серија, Парез создава портрети на различни групи на индивидуалци, фотографирајќи ги како што ги замислуваат луѓето, и нивната реалност.
„Целта на оваа серија е да ги отвориме нашите очи и да размислиме пред да започнеме да судиме некој, бидејќи сите судиме дури и тогаш кога се обидуваме да не го направиме тоа“.