Психолозите користат многу трикови за да ги откријат карактеристиките на одредена личност. Еден трик кој го користат тие е тестот наречен „тркало на животот“.
Се работи за тест со кој се открива состојбата во осум најважни сегменти од животот. Тестот се решава многу брзо. Најважните осум сегменти во животот на секој човек се: љубов, кариера, личен развој, здравје, односи, хоби, забава и релаксација, животен стил и пари. Во тие аспекти важно е да се задржи рамнотежата во сите насоки за да не се дојде до стрес, негативни емоции, проблеми во односите, депресија и болести.
Што треба да направите?
Нацртајте го тркалото (или испечатете го).
Од 1 до 10 оценете колку сте задоволни од секој од сегментите за изминатиот период од животот. Потоа поврзете ги точките (оцените) со линија по тркалото и погледнете го обликот. Дали е правилен круг, коцка или чудна форма?
Според резултатот откривате на што треба да посветите поголемо внимание.
Психолозите препорачуваат редовна анализа на тркалото и освестување на квалитетите на сите осум аспекти од животот за да се добие напредок.