X
 19.10.2016 Живот

Крвната група и карактеристиките на личноста

Кетсуекигата е метода на анализа на крвната група која Јапонците ја применуваат во секојдневниот живот. На основа на анализа на крвната група се прави психолошкиот профил на личноста и тоа се применува кај многу животни одлуки и избори. Во бизнис секторот, на пример, директорите ја користат при вработување на нови лица.

крвна група


Еве со што се карактеризира секоја од крвните групи:

Крвна група 0

Лицата со крвна група 0 најчесто се многу срдечни, дружељубиви и отворени. Немаат влакна на јазикот, верни се, искрени и лојални. Поради тоа што не се спремни да преземат одговорност, жените бараат работа во група во која ќе имаат заштита и сигурност, а мажите од оваа крвна група се вистински ловци. Тие имаат потреба да доминација и да бидат забележани, па затоа бираат професија во која може да се експонираат и афирмираат, како глума, новинарство, естрада... Имаат изразена потреба да живеат со луѓе што се љубопитни, живи и динамични, а монотонијата воопшто не им одговара. Мажите се повеќе заинтересирани за кариера од жените, но не влегуваат во некој однос додека не видат каков бенефит ќе имаат.

Жените од своите партнери очекуваат среќа, задоволство и нежност. Тие имаат силна желба за мажење и создавање на семејство. Како сопруги делуваат од позадина во градењето на кариерата на сопругот. Со своите деца се другари, а сопствените амбиции ги остваруваат преку сопругот и децата.

Мажите се многу заинтересирани за жени и се активни и забележани во тој поглед. Но, тие може да бидат крајно несигурни затоа што многу нешта брзо престануваат да им бидат интересни. Во бракот се поврзани со семејството, но нивната природа што се противи на монотонијата повторно може да дојде до израз.

Крвна група А

За овие луѓе синоним е зборот – мислам. Овие личности се интелигентни, а често делуваат и незаинтересирано и ладно, но тоа им е само штит затоа што многу чувствуваат. Но, и покрај тоа се одликуваат со самодисциплина. Можат многу добро да организираат група, а кога работат тие се посветени и професионални, а својот живот го посветуваат на работата и семејството. Спремни се да преземат одговорност, да ги разберат другите, но тоа го очекуваат и од нив. Тие се добри лидери и бараат прецизна организација, посветеност на работата и воспоставен ред.  Имаат барања, но се праведни. Тие не знаат и не ги интересира да доминираат или да се експонираат. Кај нив се забележува бавен напредок во кариерата и заради ненаметливоста често се незабележани, осамени и стојат на страна.

И жените и мажите го почитуваат партнерот и неговите квалитети, но чувствата ги откриваат дури кога ќе бидат сигурни дека нема да бидат повредени. Жените од оваа крвна група ги контролираат и поддржуваат своите деца, но и многу бараат од нив.

Мажите често веднаш не се интересни за жените и нивните вредности жените ги откриваат во подолги врски. Нивниот најголем квалитет е тоа дека потполно се посветени на семејството штом еднаш ќе го основаат. Тие сакаат да ги поддржуваат и да ги нагласуваат и квалитетите на својата сопруга.

Крвна група Б

Од психолошки аспект, мажите и жените од оваа крвна група се најинтересни. Изгледаат интровертни, делуваат воздржано и повлечено, но имаат јасно изградена слика за своите желби и вредности. Жените својата кариера ја градат на основа на докажаните лични квалитети и работа и никогаш не се со натпреварувачки дух. Најчесто имаат тесен круг на верни пријатели. Мажите имаат еден вид социјална фасада: делуваат воздржано, смирено и повлечено, а во тоа време се како шахисти што смислуваат чекори кои ќе ги преземат без голема врева, за да стигнат до целта. Тие не бираат професија што ќе ги стави во прв план. И жените и мажите експонирањето не ги привлекува. Тие ги држат конците во тајност, далеку љубопитните очи на другите.

Жените во љубовта очекуваат задоволство, нежност, среќа, верност и постојано внимание од партнерот. Имаат барања и се по малку недопирливи, а и тешко се одлучуваат да влезат во брак, но, кога создаваат семејство целосно се посветени.

Мажите ги почитуваат жените на специфичен начин. Жената за која ќе се одлучат ќе ја третираат како кралица. Но, замаскираната природа на овие мажи доаѓа до израз кај емоциите. Тие се склони кон безволност и меланхолија кога немаат соодветен партнер и полесно им е да замислуваат отколку да делуваат.

Крвна група АБ

Жените од крвната крупа АБ се исклучителни. Тие се сочувствителни, а цинизмот и иронијата не им се познати. Немаат посебни барања и лесно се прилагодуваат, но секогаш успеваат да ја задржат својата индивидуалност. Мажите пак, како да не успеваат во себе да се помират со спротивностите на А и Б крвните групи и затоа не се флексибилни и својот идентитет го остваруваат преку проекција на механизам – ако се во група каде што има повеќе луѓе со крвна група А, тие прикажуваат повеќе карактеристики на крвната група Б, и обратно.

Жените обожаваат мажи со авантуристички дух, но уживаат во љубовта додека имаат можност да бидат мистични. Како мајки се прилагодуваат на децата и немаат барања, па успешно оценуваат колку да бидат другари со нив.

Специфика на мажите од АБ крвната група е додворувањето. Тие се заводници, но се пријатни, суптилни, отворени и посветени. И овде, ако партнерката е со крвна крупа А, тој ќе покажува карактеристики на крвна група Б и обратно.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот