X
 07.03.2016 Живот

Тест од познат британски психолог: Дознајте каква личност сте

Во овој тест треба да одберете две човечиња, првото во кое се препознавање, а второто според она што сакате да станете. Овој тест помага при одредување на реалната и посакуваната емоционална состојба.


Тестот бил создаден од страна на познатиот британски психолог Пип Вилсон. Тој го направил за ученици од основно училиште, за да види колку напредувале во првите три години од образованието. Подоцна открил дека е одличен и за процена на возрасните. Секој човек на сликата е во различно располжение и има различна положба на дрвото.

Прво најдете го оној кој наликува најмногу на вас, во кој се препознавате. Потоа најдете го оној на кој сакате да наликувате. Доколку ги одберете истите броеви, задоволни сте со себе.


Резултати

Броевите 1, 3, 6 или 7 покажуваат одличен човек кој не се плаши од потешкотиите или препреките во животот.

Броевите 2, 11, 12, 18 или 19 укажуваат на симпатичен човек кој е секогаш тука за пријателите.

Бројот 4 опишува упорен човек кој сака да постигне успех и покрај потешкотиите.

Бројот 5 покажува некој што е често уморен и слаб, со малку енергија за живот.

Човекот со број 9 покажува како се работи со весела, забавна и мила личност.

Броевите 13 или 21 покажуваат дека имате тенденција сè да задржувате за себе, често се плашите и ги одбегнувате другите луѓе.

Бројот 8 опишува човек кој живее во свој свет, далеку од сите.

Броевите 10 и 15 опишуваат добро прилагоден човек кој е задоволен со животот кој го има.

Бројот 14 покажува човек кој е емоционално исцрпен и кај него постои добра шанса за преживување внатрешна емоционална криза или немир.

Бројот 20 го опишува човекот со големо чувство за сопствена важност. Тој е роден водич и сака останатите да го слушаат него.

Човекот со броj 16 е човек уморен од поддржување други луѓе.

Човекот со број 17 е човек кој мисли дека сите луѓе се за него.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот