X
 03.02.2022 Здравје

Научници смислиле метод на тестирање за коронавирусот со мобилен телефон

Тестирањето за ковид-19 денес е полесно отколку на почетокот на пандемијата, но замислете да може да се тестирате кога и да сакате со помош на камерата на вашиот мобилен телефон. Група научници развиле метод за тестирање за болеста кој бара евтина лабораториска опрема и мобилен телефон.

Според првичните резултати, прецизноста на тестирањето е еднаква како на ПЦР-тестовите. Системот е развиен од научници на Универзитетот на Калифорнија во Санта Барбара. За тестирањето е потребно да се има опрема што чини помалку од 100 долари, што може да го направи овој метод идеален за изолираните заедници или индивидуалци.

Методот предвидува ставање примерок од плунка на топла подлога врз која се става раствор. Потоа, со помош на бесплатна апликација на телефонот се прави фотографија од примерокот. Растворот ќе ги направи видливи вирусните честички и тоа ќе се покаже на телефонот.

Методот допрва треба да се тестира на повеќе луѓе бидејќи во првичните тестирања биле вклучени само 50 пациенти.

Извор: Cnet
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје