X
 19.09.2023 Живот

Тест кој ги збуни возачите: Кој има предност на кружниот тек?

Дури и за искусните возачи некогаш е добро да се потсетат на правилата поврзани со навигацијата додека возат во кружен тек.

Како да се вози во кружен тек? Кој има првенство на минување? Што ако влезниот пат има една лента, кружниот тек три, а излезниот две?

Дали оној во внатрешната лента на кружниот тек има предност пред оној од средната или надворешната лента и дали има право да му го „пресече“ патот на другиот и да излезе каде што сака? И дали се пуштаат трепкачки светла на кружен тек?

Многумина се збунети и од тоа која е соодветна лента при напуштање на кружниот тек, а доколку не ги знаете одговорите на овие прашања, деталното објаснување можете да го најдете во видеото на крајот од текстот.

Решение: При влегувањето во кружниот тек важно е да внимавате на тоа дека вие немате првенство на минување, туку автомобилите во кружниот тек, кои доаѓаат од левата страна. Секој што доаѓа од левата страна има првенство на минување, но штом сте во кружен тек, имате првенство на минување.

Една од работите што ги збунуваат возачите и во која често грешат и оние кои се двоумат да влезат во кружен тек е кога е вклучен светлосниот сигнал, односно трепкачот.

При влегување во кружниот тек се вклучува левиот трепкач, а пред излегување задолжително да ги известите другите учесници во сообраќајот за вашата намера со вклучување на десниот трепкач.



Извор: ddl.rs
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот