X
 14.08.2021 Живот

Научници создале софтвер што препознава психопати

Психолози на Универзитетот во Ново Мексико создале алатка која користи вештачка интелигенција да препознае психопати. Алатката го следи движењето на главите на лицата.

Софтверот бил тестиран на 507 американски затвореници, а било откриено дека лицата со повеќе антисоцијални елементи на психопатија поретко ја мрдаат главата. Секое интервју траело од еден до четири часа, а алгоритмот процесирал над 36.000 кадри од секој затвореник.

Истражувачите ги оценувале психопатските карактеристики на затворениците со тестот за психопати на Хер. Тие откриле дека лицата со повеќе психопатски карактеристики помалку ја движеле главата и се фокусирале директно во камерата или во истражувачот што го правел интервјуто, во споредба со индивидуалците со помалку психопатски карактеристики.

Во истражувањето не се објаснува зошто психопатите помалку ја движат главата, но авторите имаат неколку претпоставки. Меѓу другото, тоа можеби е последица на оштетеност на регион од мозокот кој е вклучен во процесирањето на емоциите.

Освен тоа, софтверот има свои ограничувања. Меѓу другото, тој не бил тестиран на жени и адолесценти и не го следи движењето на очите.

Извор: Science Focus
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот