X
 22.07.2015 Култура

Населениот мост во Ерфурт, Германија


Трговскиот мост се наоѓа во германскиот град Ерфурт, на реката Гера. Мостот е посебен по тоа што на него има куќи. Домовите се претежно продавници кои нудат секакви традиционални предмети и материјали, а има и кафулиња и барови.

Мостот бил изграден првпат во 1117 година од дрво, но по повеќе пожари бил направен од камен. Камениот мост бил завршен во 1325 година, а на него имало изградено и куќи и две камени цркви на двете страни. Градот бил погоден од уште еден страшен пожар во 1472 година, кој ги уништил речиси сите куќи на мостот.

Мостот бил одново изграден подоцна и ја има сегашната форма со 62 згради, од кои сега во функција се 32. Само една од двете цркви останала до денес.

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура