X
 15.06.2020 Живот

Планирате да патувате, а не знаете што е дозволено? Оваа мапа може да ви помогне

Барањата за патување може да бидат комплицирани за следење и во нормални околности, а не пак во време на коронавирус, кога се чини дека правилата се менуваат секој ден.

Меѓународното здружение за воздушен сообраќај (ИАТА) има корисна мапа со прописи за патување за време на пандемијата на коронавирусот, која ви овозможува преглед на ограничувањата според земји.

Овој ресурс е развиен врз основа на партнерства со авиокомпании и блиски односи со владини агенции во светот, што значи дека обично ги содржи најсвежите информации.

Секако, има изјава за откажување од одговорност бидејќи иако информациите постојано се ажурираат, ИАТА не може да ја гарантира точноста на информациите со оглед на тоа колку брзо се менува ситуацијата, така што не би требало да ја користите оваа мапа како единствен ресурс. Секогаш проверувајте ги информациите, но и посетете ги официјалните туристички страници за повеќе детали.

Тука можете да ја погледнете мапата.

Извор: B92
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот