Во Норвешка е завршена уметничката галерија наречена „Твист“, која се врти како шпил карти и ја премостува реката што го дели паркот Кистефос.
Опишана како населен мост, основната цел на уметничката галерија е да ја подобри циркулацијата на паркот, нудејќи нов речен премин. Нејзиниот центар е дизајниран за да ги усогласи различните височини на речните брегови и создава карактеристична скулпторска естетика.
- Навистина е неверојатно затоа што Кистефос е парк со скулптури. Идејата за галерија повеќе беше додаток, но со тоа што стана мост, музејот стана интегрален дел - вели основачот на архитектонското биро БИГ, Бјарк Ингелс.
Музејот и парк на скулптури бил основан во 1996 година. Се состои од индустриски музеј, изложбени галерии и парк со скулптури со колекција на уметнички дела.