X
 25.08.2024 Живот

Кога врне дожд, овој пат можат да го поминат само најискусните возачи

„Атлантерхавсвеген“ или Атлантскиот пат во Норвешка е вистинско градежно чудо. Овој пат долг 8,2 километри е дел од норвешкиот национален пат 64 и поврзува многу помали острови во округот Мере и Румсдал на западот на земјата.


Како дел од патот има неколку насипи и дури 8 моста, од кои најпопуларен е Сторсеисундет, кој се издига на 23 метри над морето. Но, и тоа не е доволно за да се заштитат автомобилите на патот од навлегување вода кога има невреме.

Возењето по овој пат се претвора во вистинска игра на нервите кога ќе почне да врне или кога Норвешкото Море ќе се разбранува. Не само што маглата и облаците ја намалуваат видливоста на патот, туку и вниманието на возачите им го одвлекуваат водните завеси кои наеднаш се издигнуваат над автомобилот.

Затоа овде возат само најискусните возачи со одлична координација.

Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот