Дури 93% од денешните тинејџери користат интернет. Тоа е факт кој не зачудува. Зачудува фактот што дури 25% од нив лажат дека се постари на интернет.
73% од нив имаат профили на социјалните мрежи, а 1 во 20 тинејџери признаваат дека договориле таен состанок со некој што го запознале он-лајн. Од друга страна, 82% од манијаците користат социјални мрежи за да најдат информации за нивните жртви, а 62% од нив наоѓаат информации за домовите и училиштата на жртвите на социјалните мрежи.
Потоа, 32% од тинејџерите признаваат дека ја бришат историјата на пребарување на интернет. 90% од децата биле сведоци на навреда на социјалните мрежи. 25% од децата изјавуваат дека биле навредени повеќе од еднаш на интернет, а само 10% од нив им го кажуваат тоа на родителите.
33% од децата на возраст од 13 до 17 години се жртви на навреда на интернет. Девојчињата имаат двојно поголем ризик да бидат навредени.