Сѐ повеќе и повеќе интернет корисници ги гуглаат нивните симптоми онлајн и ги искористат социјалните медиуми за да побараат одговор за нивното здравје, со што се предизвикуваат доста етички прашања за докторите.
Интернетот и пристапот до огромни количини на информации сега се постојан аспект на тоа како го живееме нашиот живот, а тука е и начинот на кој размислуваме и се справуваме со нашите здравствени проблеми.
Социјалните медиуми можат доста да влијаат врз тоа како пациентите комуницираат со нивните доктори и каков вид на нега очекуваат тие.
Докторите треба да ги прашуваат своите пациенти што прочитале на интернет, а потоа да работат преку овие информации, бидејќи понекогаш информациите на интернет не се корисни, меѓутоа постојат и случаи (иако ретки) кога се корисни).
Повеќе и повеќе пациенти не само што ги истражуваат потенцијалните можности за лекување на интернет туку и користат извори за да утврдат дијагноза и прогноза.
Често пати голем дел од корисниците се потпираат на искуството на другите па така постираат фотографии и бараат совети на Фејсбук групи со цел да дознаат за каква болест станува збор. И секако, често пати (и повеќе од често), „поставените“ дијагнози излегуваат грешни, па кај корисникот се создава непотребна паника.
Причината?
Во повеќето случаи, кога пребаруваме симптоми за болеста, тоа најчесто го правиме за себеси или за некој наш близок. Кога гледаме од тој агол, тешко е да одржуваме емоционална дистанца. Затоа читаме за дијагнозата која или ќе не' преплаши или ќе ги смири нашите нерви.
Најчесто пребаруваме со цел да ги разбереме можните дијагнози, да пронајдеме чекори за ослободување од симптомите и да одлучиме дали симптомите се нешто за кое е потребна понатамошна евалуација или пак може да се справиме со нив без да одиме на доктор. Но, повеќето од нас кои се обидуваме да добиеме медицинска помош на интернет, сме ограничени со сопствените предрасуди како и со хаотичната природа на интернетот.