X
 23.07.2015 Култура

Сега дури и Северна Кореја има велосипедски патеки


Градските и национални лидери низ целиот свет се придружуваат кон иницијативите за создавање побезбедни улици за велосипедистите. Сега тука се наоѓа дури и Северна Кореја.

Според еден извештај од „Ројтерс“, големите улици во Пјонгјанг сега имаат велосипедски патеки за да се намалат несреќите. Велосипедите се забранети на улиците, а претходно велосипедистите возеле на тротоарите со пешаците.

Многумина ќе се согласат дека Северна Кореја греши за многу нешта, но дефинитивно не греши во врска со воведувањето велосипедски патеки. Податоците постојано докажуваат дека несреќите се намалуваат откако се имплементираат велосипедски патеки во големите градови. На пример, Њујорк неодамна откри дека улиците со велосипедски патеки имаат 40% помалку несреќи со велосипедисти, мотоциклисти и пешаци.

They've started adding bike lanes in Pyongyang. Photo by @jakaparker

A photo posted by Everyday DPRK (@everydaydprk) on



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура