Кога Осло ги откри плановите за забрана на автомобили во центарот на градот до 2019 година, тој се приклучи на листа на уште неколку градови кои го префрлуваат фокусот далеку од автомобилите и кон позелени граѓански решенија за движење.
Се проценува дека околу 7 милиони луѓе во светот умираат од загадување на воздухот секоја година, а да не зборуваме за другите милиони кои загинуваат во несреќи поврзани со моторни возила.
Поради сето ова, градовите низ целиот свет се обидуваат иницијативи без автомобили. Хелсинки има амбициозни планови за иницијативата наречена „Mobility in demand“. Тие планираат да биде толку добра и проширена што никој нема да сака да вози автомобил во центарот до 2025 година, додека деновите во Париз без автомобили успешно го намали високото загадување. Новите градови како што е Големиот град во предградието на Ченгду, Кина и Масадр во близина на Абу Даби планираат да се фокусираат на електрични автомобили како алтернативи за автомобилите на бензин.
Норвешкиот главен град минатиот месец беше дел од една поширока политичка иницијатива од страна на новоизбраниот левичарска општинска влада чија цел е дупло да се намалат емисиите во градот до 2020 година. Освен што планираат не-автомобилска зона во рамките на централната обиколница на градот, Осло исто така планира голем број други предлози вклучувајќи и изградба на најмалку 64 километри нови велосипедски патеки и отстранување на местата за паркирање. Овие иницијативи заедно со потегот на градот да се лишат фосилните горива од пензиските фондови, се обид да се намалат емисиите. Градот, исто така планира да нема фосилни горива до 2050 година.
Не е тајна дека отстранувањето на возилата кои трошат повеќе бензин ќе направи чудо. Кога нивото на загаденост беше на високо ниво во Париз, на почетокот на годината, градоначалничката Ани Хидалго даде црвено светло на половина од дизел возилата во градот. После само 24 часа, загадувањето на PM10 честичките се врати под 80 mg на метар кубен, а сообраќајниот метеж се намали за 40%.
Франција се наоѓа на врвот на европската листа за највисок процент на дизел автомобили на патиштата, благодарение на владините субвенции. Во декември минатата година, Хидалго вети дека ќе спроведе трајна забрана за дизел возила во центарот на градот до 2020 година. Во тандем со оваа иницијатива, велосипедската и пешачката инфраструктура ќе биде значително подобрена, почнувајќи од 8 милиони евра трансформација на десниот брег на реката Сена по која луѓето ќе можат да одат и удвојување на велосипедската мрежа до 1.400 километри.
Пред да се спроведе радикалната иницијатива, на граѓаните им беше овозможено како сето тоа ќе изгледа во 2020 година со што Хидалго нареди еден ден без автомобили преку една третина од францускиот главен град. Воздухот и бучавата беа значително намалени, а главните артерии како Шанзелизе беа трансформирани во привремени патеки за велосипедисти и пешаци. Хидалго исто така го потврди планот да спроведе итна забрана на сообраќајот за време на периоди на висока загаденост на воздухот.
Венеција често се наведува како најголемиот град без автомобили, меѓутоа за нив е лесно, со каналите и реките наместо улиците. Хамбург од друга страна моментално спроведува авто-забрана за голем број од урбаните патишта за да развие мрежа на патишта за пешаци и велосипеди кои ќе водат до паркови и отворени површини.
И Мадрид се обидува да го фокусира градот на човечко ниво, и неодамна воведе план за пешаци во урбаното јадро, а има план да ги отстрани автомобилите до 2020 година. Започнувајќи во 2015 година, шпанскиот главен град воведе ограничување на не-станбените возила кои не смеат да влезат во дел од центарот на градот. Мадрид исто така планира да ја зголеми автобуската мрежа и да изгради нова пешачка инфраструктура.
Даблин и Брисел се приклучуваат на идејата за отстранување на дизел автомобилите, со слична идеја предложена од Либералдемократите во Лондон после скандалот со емисиите на Фолксваген. Милано нуди јавни транзит токени за жителите за секој работен ден да ги предадат нивните автомобили, а Рим бавно напредува со забрането паркирање. Но, има еден европски град кој тргнува со мошне амбициозен пристап - да го направи поседувањето на автомобил бесмислено.
Хелсинки планира да спроведе „Mobility on demand“ до 2025 година спојуваќи ги заедно автобусите, такстите, велосипедите и фериботите преку една апликација за паметни телефони. Софтверот ќе функционира како платформа за плаќање и планер за патување, опремувајќи ги жителите со напредна низа на поевтини и полесни опции за патување. Како што велат: „Ќе биде толку добро што никој нема да има причина да поседува автомобил“.
И тука е Копенхаген - во главниот град на Данска со децении големи делови од градот се забранети за возила, со велосипедска структура скоро на секој агол.
Париз, Хелсинки и сега Осло - европските напори за општество без автомобили е во центарот на вниманието во последниве години. Но, во Латинска Америка, еден град се залага за идејата за улици без автомобили уште од 1974 година. Тоа е Богота.
Секоја недела колумбискиот главен
град затвора повеќе од 120 километри. Настанот наречен „Ciclovia“ започнал во 1974 година, и му помогна на градот во трансформацијата во рај за велосипедистите. Благодарение на посветеноста на поранешниот градоначалник Енрике Пењалоса за создавање на здрав град без автомобили, денес повеќето граѓани користат велосипеди.
Додека поголемиот дел од Америка градеше градови во кои автомобилот беше цар, Дејвис, најголемиот град во Јоло округот, Калифорнија усвои закон за град без автомобили кога дојде до урбанистичката инфраструктура.
Торонто, петтиот најголем град во светот патничкиот метеж го чини градот 6 милијарди долари на годишно ниво. Заедно со проширување на метро системот, полека се појавуваат и велосипедски патеки, а постојат и шпекулации во врска со потенцијална улица без автомобили за време на сообраќајниот метеж.
Се проценува дека 7 милиони луѓе умираат годишно од загадувањето на воздухот, и уште милиони други се жртви на сообраќајни несреќи. Со толку многу мерки без автомобили што се случуваат низ светот - од високо загадениот Хајдерабад до зелениот утописки Копенхаген - градските лидери се будат и започнуваат да ја сфаќаат важноста во планирањето на местата за граѓаните и со одржлив урабн развој и со подобрување на квалитетот на животот. За неколку недели, светските лидери ќе се состанат во Париз, за најголемата климатска конференција во светот, барајќи да дојдат до заеднички меѓународен договор за мерките за задржување на глобалното затоплување под 2 Целзиусови степени. Дали градовите без автомобили ќе бидат на врвот на агендата?