X
 07.04.2020 Живот

Дали би можеле да живеете во најекстремниот град во Норвешка?

Изолирана на поларниот архипелаг Свалбард, Лонгјербан е најсеверната населба во светот. На половина пат меѓу копнена Норвешка и Северниот Пол, 2.300 жители се навикнати на екстремен живот.

Многу луѓе што живеат во овој град се соочени со тешкотиите што ги носи животот во овие услови бидејќи никогаш не почувствувале дека живеат на безбедно место.

- Неопходно е да изградиме нови домови бидејќи во декември 2015 година се соочивме со лавина што уништи 11 куќи, а оштети уште 12. Една година подоцна, во февруари 2017 година, се соочивме со уште една лавина што уништи 6 куќи. Беше неопходно да ги изградиме овие нови куќи на безбедно место - вели Бенте Невердал, менаџер за имот во компанијата „Статсбуг“.

Лонгјербан е најсеверниот град во светот.

град
Фото: Screenshot/BBC

Речиси 30.000 луѓе го посетуваат Свалбард годишно. Ниту еден од нив не знае дека е под закана.

- Станува збор за дестинација од соништата - вели една туристка.

- Има многу работи што ги нуди. Секој ден е различно, временски услови, дивиот животински свет. Пред да дојдеме во Свалбард, генерално знаевме за влијанието што климатските промени го имаат врз арктичките региони. Но, не бевме свесни за тоа како влијае врз заедницата тука - вели друг турист.

Луѓето во оваа област тешко наоѓаат безбедно место за живеењето токму поради лавините. Целото урбанистичко планирање на градот во основа морало повторно да се создаде. Поради лавините, куќите морале да бидат преместени подалеку од долината.

- Добро е да се биде една од личностите што на луѓето им наоѓа место за живеење. Имавме многу малку време. Освен тоа, многу е темно и има многу ветер. Успеавме да изградиме 60 куќи за помалку од една година - вели Ингер-Јохан Толас, проект-менаџер во „Статсбуг“.

Заедницата што тука живее е доста силна поради последиците од промените со кои се соочиле. Луѓето ги делат апартманите за да си помогнат меѓу себе.



Извор: ВВС
Фото: Screenshot/BBC
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот