Северна Кореја во последно време постојано се фали со затоплените односи со Јужна Кореја, објавувајќи фотографии од Ким Јонг-ун како се среќава со неговиот колега Мун Џае-ин. Но, тоа не значи дека казните за граѓаните што ќе се осудат да гледаат телевизиски канали од преку граница нема да поминат неказнети. Оние што ќе го направат тој прекршок може да се соочат со затвор, работен логор или смрт, како што полициските службеници овој месец ги предупредуваа жителите на предавања.
Радио „Слободна Азија“ неодамна извести за предавањата на кои службениците барале жителите да апстинираат од гледање декадентни снимки од капитализам кои нашле начин да влезат од Јужна Кореја.
Тие материјали може да стигнат до Севернокорејците на неколку начини, вклучително и преку црниот пазар и дури и преку небото. Јужнокорејските активисти долго време користат балони за да пренесуваат забранети материјали преку граница. Тука се вклучени и брошури во кои се исмејува севернокорејската влада и УСБ-стикови на кои има јужнокорејски сапуници. Пјонгјанг, нормално, се лути за балоните и војниците ги пукаат.
Севернокорејците што живеат во близина на границата исто така може да имаат сигнал од југот преку манипулирање со фреквенциите на телевизорите.
Во предавањата полицијата ги потсетила луѓето дека секој, без разлика на статусот, ќе биде казнет. Во 2014 година
десетмина службеници од владејачката партија наводно биле егзекутирани поради гледање јужнокорејски сапуници.