На работ на Каракум пустината, се наоѓа големиот град од бел мермер.
Како излезен од научно фантастичните филмови со средените тревници и позлатените статуи кои ги красат екстериерите на футуристичките палати,
градот Ашхабад е нешто неверојатно конкурирајќи му на Пјонгјанг во ексцентричноста и на Дубаи во исклучителната архитектура.
Додека останатиот дел од Централна Азија е украсен со антички симболики и мавзолеи, главниот град на Туркменистан претставува раскошно чудо, и се очекува да биде една од најголемите туристички атракции во Азија. Сепак, улиците на Ашхабад се целосно напуштени.
Земјата успеала да ја освои својата независност во 1991 година откако подолго време била под контрола на Советскиот Сојуз, па за брзо време се дистанцирала од Централна Азија.
Под маската на нова независна држава во свет на неутралност и богатство, поранешниот претседател Сапармурат Нијазов станал познат, тоталитарен диктатор. Тој го создадал неговиот култ на личност, преименувајќи ги месеците во годината во членовите од неговото семејство и изјавувајќи дека сите училишта мораат да учат само од неговиот роман наречен Рунама.
Кучињата биле протерани од улиците, а на мажите им било забрането да пуштат бради или долга коса. Кога тој починал во 2006 година, Гурбангули Бердимухамедоу бил именуван за нов претседател. Тој за брзо време отстранил голем дел од ексцентричните закони на Нијазов, па се чинело дека нацијата е на добар пат да се врати во нормала. Но тоа воопшто не траело, па денес Бердимухамедоу ги одржува неговиот авторитарен режим во Туркменистан.
Популацијата од само 5 милиони луѓе, со 1 милион кој живее во главниот град, Туркменистан навистина има фасцнинантни атракции. Патот на свилата во градот Мерв, Дарваза гас кратерот и Јонгикала Кањонот се знаменитости кои навистина треба да се посетат, но проблемот е што посетата на овие места е особено тешка да се реализира.
Визите се издаваат само за оние луѓе кои ќе се согласат на строгите и скапи групни тури. Единствената опција за независно патување е транзитна виза која трае од три до пет дена, кадешто вашиот пат, датум и излез мораат да бидат предодредени пред да ви биде дозволен пристапот. Дури и ако сите документи ви се во ред, визите сепак често пати се одбиени без точна причина.
Цензурата на интернет е зголемена уште од 2001 година, а повеќето социјални платофрми и странски медиуми се забранети. Владата не само што се крие позади затворени врати, туку и не ги информира нејзините граѓани што се случува надвор од границите.
„На Туркменистан не му е потребен туризам за да ја поддржи економијата“, вели мојот туристички водич Мурат, кога го прашав за ограничувањата. Критичарите велат дека причината за ваквото однесување е тоа што Туркменистан е еден од најугнетуваниот народ во светот.
Според „Freedom House“ оваа земја се наоѓа на 178 место од вкупно 180, пред Еритреја и Северна Кореја. Ова само додава на љубопитноста и желбата да се види Туркменистан.
Дизајнот на Ашхабат се должи на многу различни влијанија, меѓутоа била вистинска трагедија кога започнало се`. На 6 октомврив 1948 година силен земјотрес со јачина од 7.3 степени според Рихтеровата скала се случи на само 25 километри од центарот на градот.
Тоа била една од најлошите елементарни непогоди на 20-от век - се проценува дека околу 110.000 луѓе ги изгубиле своите животи таа ноќ. Со дозвола да се реконструира главниот град, Ашхабад прво се појави со типичните бетонски блокови во советски стил, а голем дел од нив можат да се пронајдат во посиромашните соседства. Независноста од 1991 година го променило сето тоа.
Со теоретската слобода и богатството, бетонот бил заменет со бел мермер, такашто бил создаден сосема нов град. Изобилството на природни ресурси помогнале да се обнови националната економија.
Четвртата по големина резерва на гас во светот се наоѓа токму под површината на Ашхабат, такашто владата добива огромни количини на средства.
Со Кина на исток, Русија на север и Европа на запад, Нијазов ја прогласил оваа земја за прва во светот со неутрален став одобрен од ОН. Без надворешна контрола на владата и неговото владеење и никаквата внатрешна конкуренција, започнала конструкцијата на овој мермерен град.
Необичноста на архитектурата може да се види насекаде низ градот. Палатата на среќа, извртениот глобус затворен во коцка со осум ѕвезди е официјалната канцеларија за регистрација и брак.
Една од најмоќните слики на Нијазов е таканаречениот „Лак на нетуралноста“. Создаден наводно во чест на неговото официјално усвојување на националната неутралност, за него биле потрошени повеќе од 12 милиони долари.
И покрај сите овие чуда, прошетката во центарот на градот се чини како целото место да е напуштено. Неколкуте туристи кои талкаат низ улиците се под постојан надзор. Безбедносните камери ја следат секоја педа во Ашхабат, а униформираните чувари постојано ги чуваат владините згради.
Пазарот е единственото нешто кое ви дава чувство дека сепак тука живеат луѓе. На пазарот се разменуваат кози, крави и камили.
Можеби иднината ќе донесе промени. Туркменистан е домаќин на азиските затворени игри во 2017 година и со тоа, ограничувањата може да се „помеки“ за посетителите. Засега, полираниот мермер и златото остануваат невидени, во еден од најчудните градови во светот.