Патиките за трчање не се разликуваат само во бојата и цената. Независно од тоа дали преферирате „Најки“ или „Адидас“, на прво место при изборот на патики за трчање треба да биде тоа дали патиката одговара на вашиот вид стапало и газење или не. За да одберете патики според видот на стапало, прво е неопходно да утврдите кој вид стапало имате. Тоа може да се открие на неколку начини.
Некаде, особено во странство, постојат апарати за одредување вид стапало, врз основа на кој резултат одбирате патики за себе. Но, видот на стапало може да го утврди и доволно образован и искусен тренер според набљудување на стапалото.
Едноставен начин за одредување на видот на стапало е со навлажнување на табанот на едно стапало и стапнување на весник или друга потемна хартија.
Доколку имате нормално стапало кадешто сводот на стапалото е со средна големина потребни ви се патики кои се наоѓаат во групата наречена „stability“.
Доколку сводот на вашето стапало е спуштен, патиките за вас се „motion control“.
Последниот вид стапало е она со преголем свод, а за овие видови се потребни патики од групата „cushioning“ или „neutral“.
Пишува: Ѓорѓе Агбаба / Наука за спортот