X
 22.12.2023 Живот

Кинеска компанија им дава бонуси на вработените што џогираат

Компанијата за производство на хартија „Гуангдонг донгпо пејпр“ во Гуандонг, Кина, сака вработените да трчаат за своите бонуси.

Директорот на компанијата, Лин Жијонг, открил дека бонусите за вработените ќе бидат одредени од бројот на километри што ќе ги истрчаат секој месец. Вработените мора да истрчаат 100 километри месечно ако сакаат да добијат годишен бонус, кој е во вредност од 130 отсто од нивната месечна плата.

Вработените ќе добијат бонус еднаков на нивната месечна плата ако трчаат 50 километри месечно. Оние вработени што ќе трчаат по 50 километри месечно во период од шест месеци ќе добијат бесплатни патики за трчање.

Вработените што ќе истрчаат барем 30 километри месечно ќе добијат годишен бонус во вредност од 30 отсто од нивната месечна плата.

- Мојот бизнис може да опстои само ако моите вработени се здрави - вели Лин, кој се искачил на Монт Еверест двапати.

Според локалните медиуми, вработените позитивно го прифатиле потегот. Компанијата моментално има околу 100 вработени.

Извор: Business insider
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот