X
 24.07.2015 Технологија

Создаден модел за роботи со мозоци контролирани од бактерии

Научници од Вирџинија, САД користеле математички модел за да демонстрираат дека бактериите може да го контролираат однесувањето на роботите.


Моделот за роботи со мозоци кои се контролирани од бактерии бил развиени од страна на само двајца научници, а приказата е објавена неодамна во „Scientific reports“. Основната цел на научниците е да се научи како бактериите го контролираат човековиот мозок, но и да се изградат вистински роботи кои може да функционирааат на мозоци направени од бактерии.

- Она што се обидуваме да направиме е да откриеме од математичкиот модел дали може да изградиме жив микробиом на робот и да го контролираме роботот преку микробиомот. - вели еден од научниците кои работеле на проектот.

Инаку, 90% од човековото тело е составено од микроби кои се основен дел од нормалната човекова физиологија. Овие микроби на човекот му помагаат да ја разложи храната во дигестивниот систем.

Научниците, исто така, сметаат дека микробите се одговорни за контрола на човековите акции и личноста, особено со оглед на тоа што некои микроби предизвикуваат ментални нарушувања.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија