X
 03.01.2019 Наука

Научниците истражуваат дел од земјата во Северна Ирска - постои нешто што успешно се бори против најотпорните бактерии

Дел од руралните области на Северна Ирска, поточно во округот Ферманаг, може да одржат говор како да се победи отпорноста на бактериите на антибиотици. Научниците забрзано бараат нови начини како да се реши овој проблем, особено проблемот со ширење на бактеријата MRSA, која е поврзана со болнички инфекции. Ова откритие научниците го нарекуваат голем чекор напред во пронаоѓањето решение.

Земјата околу селото Бохо, близу границата со Република Ирска, се употребува како лек веќе долги години. Тим на научници од универзитетот „Сванси“ открива дека состојките од оваа земја успешно се борат против четири вида најотпорни бактерии. Тие го запираат растот на MRSA, Klebsiela pneumonia, Enterococcus faecium и acinetobacter baumannii.

бактерии
Фото: Getty Images


Сѐ уште не е познато дали дејствува на уште два вида, pseudomonas aeruginos и enterobakterija. Откриено е и дека може да запре различни структурални бактерии, вклучувајќи ги и Грам-негативните бактерии што често се отпорни на антибиотици.

-Нашите резултати покажуваат дека народните и традиционалните лекови се вредни за испитување во потрага по нови антибиотици - вели професор Пол Дајсон од Универзитетот „Сванси“, а Гери Грин ги водел научниците од Велс, Бразил, Ирак и Северна Ирска. Тој некогаш живеел во селото Бохо и ги познава лековитите карактеристики на тамошната почва.

Отпорноста на антибиотиците се јавува кога бактериите, вирусите или габите се изложени на лекови често и на погрешен начин, што доведува до нивно приспособување за да го преживеат третманот. Луѓето често не го завршуваат потребниот циклус на земање лекови или се изложени на ниски дози на антибиотици од животинско потекло.

Еден вид гонореја стана отпорна на дејството на антибиотиците. Се претпоставува дека до 2050 година бактериите ќе бидат кобни за 10 милиони луѓе.

- Најдовме уште антибактериски организми од истата почва што би можеле да покријат поширок спектар на мултиотпорни патогени - додаваат научниците.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука