X
 26.07.2015 Наука

Одобрена првата вакцина против маларија во светот

Конечно светот има вакцина против маларијата, болест од која заболуваат 198 милиони луѓе годишно, а умираат 600.000. Според податоците на Светската здравствена организација, маларијата се наоѓа на 5-то место на листата од најсмртоносни болести во Африка јужно од Сахара. Дури 83% од жртвите на маларијата се деца помлади од 5 години.


Вакцината против маларија штотуку беше одобрена од Европската агенција за лекови, а понатамошни тестирања треба да одржи Светската здравствена организација. Се претпоставува дека вакцината ќе започне да се користи веќе следната година.

Инаку, маларијата е болест предизвикана од паразит кој се пренесува со убод на заразен комарец. Паразитот се сместува во црниот дроб, кадешто созрева и се размножува, а потоа влегува во крвотокот и предизвикува симптоми како зголемена температура, главоболка, болки во мускулите итн.



Вакцината е направена за да го стопира созревањето на паразитот. За создавањето на вакцината било потребно истражување кое траело 30 години и чинело 365 милиони долари. 200 милиони долари од оваа сума била донирана од Бил и Мелинда Гејтс.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука