X
 28.05.2021 Живот

Во затворен простор без маска за лице, што е безбедно да се прави?

Експертите ги посочуваат ризиците од концерти, јадење во затворени простории, канцеларии врз основа на вашиот вакцинален статус.

Препораките за носење заштитни маски за лице постојано се менуваа во текот на пандемијата, па честопати остануваше прашањето што е безбедно, а што ризично кога станува збор за дружење, особено во затворени простории.

Најновите упатства од Центрите за контрола и превенција на болести во САД велат дека луѓето вакцинирани против ковид-19 може да ја извадат маската во повеќето затворени простории, но невакцинираните засега треба да ги носат маските.

Најважно нешто што треба да се разбере, според експертите за инфективни болести, е дека голем дел од одлуката дали ќе се носи маска во затворено или не се сведува на личниот ризик и на она што се случува во вашата област. На крајот на краиштата, секој локален оддел за јавно здравје треба да донесе своја одлука заснована врз стапката на пренесување во заедницата. Колку е помал преносот во еден град, толку помалку маски ќе бидат потребни.

Едно нешто со кое експертите се согласуваат: Ако сте невакцинирани, па дури и делумно вакцинирани, треба да ја носите маската. Вакцинираните лица имаат имунитет за да не ја носат маската во затворен простор.

Еве краток водич за тоа каде вакцинираните и невакцинираните лица можат да ги извадат маските, а каде не.

Фитнес-сала


Ако не сте вакцинирани: Дефинитивно треба да носите маска. Така маските, физичката дистанца и вентилацијата ќе ви помогнат да бидете заштитени додека вежбате.

Ако сте делумно вакцинирани (помеѓу две дози): носете маска. Иако делумно вакцинираните лица имаат одредена заштита, треба да се однесуваат како да не се вакцинирани сè додека не ја добијат втората доза, вели Моника Ганди, специјалист за инфективни болести на Универзитетот на Калифорнија, Сан Франциско.

Ако сте целосно вакцинирани (поминале две недели од последната доза)
: Ризикот од зараза и ширење на вирусот е супер низок откако ќе се вакцинирате. Неодамнешните податоци од ЦДЦ покажуваат дека од над 115 милиони Американци што целосно се вакцинирале имало само 1.077 симптоматски инфекции и само мал дел биле хоспитализирани. Иако целосно вакцинираните се безбедни и не треба да носат маска, фитнес-салата може да биде место каде што би требало да носат маска, вели Ганди.

Затворен бар или ресторан


Невакцинирани: Бидејќи ќе мора да ја тргнат маската за да јадат, невакцинираните ќе треба да размислат двапати пред да одат во ресторан, вели Лора Хунгефорд, епидемиолог и раководител на одделот за здравствени науки на населението на Ветеринарниот колеџ Вирџинија-Мериленд. Би биле безбедни ако луѓето околу вас: вашите пријатели, луѓето што јадат во ваша близина, келнерите, се вакцинирани или носат маски.

Делумно вакцинирани: Постапувајте како да не сте биле вакцинирани. - Луѓето што се делумно вакцинирани постепено стануваат посилно заштитени, па затоа треба да носат маски до две недели по нивната последна вакцинација, вели Хунгефорд.

маска
Фото: Freepik

Вакцинирани: Може да ја извадите маската. Доказите покажуваат дека вакцините драстично ја намалуваат вашата способност за ширење на инфекцијата, така што ќе бидете безбедни без маска. Но, добро е да носите маска кога влегувате/излегувате од ресторанот.

На работното место

Невакцинирани: Мора да носите маска на работа. Податоците за следење на контактите од 2020 година откриле дека канцелариите се чест извор на епидемии. Како што повеќето ваши колеги се вакцинираат и додека локалните случаи се намалуваат, ризикот се намалува.

Делумно вакцинирани: Вашиот ризик е помал, но не треба да ја вадите маската додека не добиете втора доза. - Сите вакцинирани со прва доза треба да бидат со невакцинираните и да носат маски, додека сите целосно вакцинирани треба да се префрлат на друг оддел - вели Ганди.

Вакцинирани: Ако вашите колеги се вакцинирани, нема причина да носите маска на работа. Совет од Ганди: Групирајте ги вашите вработени на вакцинирани и невакцинирани, така што вакцинираните ќе бидат во дел каде што нема да бидат потребни маски и физичко дистанцирање.

Мал собир во затворени простории

Невакцинирани: Ако сте невакцинирани и се мешате со други невакцинирани или делумно вакцинирани, тогаш носете маски. Ако сте невакцинирани, со низок ризик и се дружите со луѓе кои се целосно вакцинирани, можете да ја извадите маската.

Делумно вакцинирани: Држете се до истите правила што важат за невакцинираните.

Вакцинирани: Можете да ги извадите маските.

- Маските или физичкото дистанцирање не се потребни за целосно вакцинираните луѓе.

Голем собир во затворени простории

Невакцинирани: Носете маска. Амеша Даја, специјалист за инфективни болести и виш научник на Центарот за здравствена безбедност на Универзитетот „Џон Хопкинс“, препорачува маска за невакцинирани лица кои присуствуваат на голем собир во затворени простории. Бидејќи повеќе луѓе се вакцинираат и се зголемува имунитетот на населението, веројатно нема да видиме ист вид собири што би предизвикале зараза.

Делумно вакцинирани: Адаја го има истиот совет за луѓето што примиле само една доза од вакцината: носете маска.

Вакцинирани: Во ред е да не носите маска. - Целосно вакцинирана личност не треба да носи маска затоа што кај неа постои мал ризик од голема инфекција, и уште помал ризик да ја шири болеста - вели Адаја.

Кино

Невакцинирани:
Ако одите, носете маска, советува Адаја. Киносалите знаат да бидат преполни, слабо проветрени затворени простории и имаат идеални услови за ширење на болеста меѓу невакцинираните.

Делумно вакцинирани: Истите правила: носете маска уште неколку недели додека не можете безбедно да ја извадите за одредени места.

Вакцинирани: Иако киното може да има правило за носење маски, ризикот од добивање и ширење ковид-19 кај овие лица е мал.

Концерт и театар

Невакцинирани: Дефинитивно носете маска, особено ако другите пеат, викаат или се смеат.

Делумно вакцинирани: Истото важи и за делумно вакцинираните. Потребно е носење маска.

Вакцинирани: Доколку салата е во ред, можете да ја тргнете маската. Истражувањата покажуваат дека вакцинираните луѓе не се заразуваат толку често.

Извор: Huffpost.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот