Доколку некогаш сте го пробале Мока Фрапучиното од „Старбакс“ сигурно би сакале да имате магичен рецепт за подготовка на пијалокот во домашни услови. Благодарејќи на интернетот, и тоа е можно.
Потребно:
Две еспреса, студени.
1/3 шолја млеко (80 мл)
1 лажица шеќер
1 шолја коцки мраз
2 лажици чоколаден прелив (30 мл)
Дополнително: Шлаг
Начин на подготовка:
Прво, ставете го мразот во блендер.
Додадете го кафето,
млекото,
шеќерот,
и чоколадниот прелив.
Измешајте.
Сервирајте со шлаг и чоколаден прелив.