X
 27.07.2015 Економија

Како за неколку недели се сруши "кинескиот сон"?

Во април оваа година Шангајската берза забележа највисок развој која индексот надмина 4.000 бодови, а во земјата се зборуваше дека напредокот тукушто започнал.


Долгорочно, „кинескиот сон“ за порастот на вредноста на имотот и акциите ќе поттикне пазар од капитал и ќе создаде големи инвестициски можности. Но, оттогаш вредноста на акциите падна за 30%. Малите акционери брзо ги распродаваа акциите на власта, која се обиде да спречи економска криза. Водечките брокерски компании мораа да ѝ ветат на владата дека нема да продаваат акции додека се ниски цените и дека во пазарот ќе вложат повеќе од 20 милијарди долари.

Кинескиот пазар на акции се смири дури изминатата недела. Но, никој уште не е сигурен дека кинеската криза е завршена. Дури и доколку е завршена, аналитичарите сметаат дека ќе помине одреден период додека се врати довербата во пазарот на милионите мали влогувачи во земјата.

Истовремено, „Ројтерс“ посочува дека цените на кинеските акции моментално се двојно повисоки отколку минатата година. Силниот раст на цените предизвикува и остри падови, велат аналитичарите, предупредувајќи дека веќе подолго време се успорува растот во економијата.

Исто така, мерките кои беа преземени од власта отвараат прашања за реформите на кои се посветени политичарите од Комунистичката партија, што ги рушат реформите во финансискиот сектор.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија