X
 26.10.2022 Економија

Четвртина од германските компании планираат да отпуштаат работници поради кризата

Енергетската криза сè повеќе им се заканува на работниците во Германија. Според анкета спроведена од економскиот институт „Ифо“ за фондацијата „Фемили бизнис енд политикс“, дури една четвртина од германските компании планираат да го намалат бројот на работници.

За споредба, во слична анкета спроведена во април, само 14 отсто од компаниите изјавиле дека планираат да отпуштаат работници. Новата анкета покажала дека 57 отсто од компаниите се подготвуваат да ги одложат планираните вложувања. Според претседателот на фондацијата, Рајнер Кирхдорфер, резултатите од анкетата се знак за аларм.

- Компаниите го намалуваат производството или ги селат своите погони таму каде што цените на енергијата се пониски, како и даноците и бирократските оптоварувања - изјавил тој.

Анкетата покажала дека 9 отсто од германските компании планираат да ги преселат погоните во странство. Пред половина година тој процент изнесувал 6 отсто.

- Потребни ни се мерки за Германија повторно да стане конкурентна како место за производство - според Кирхдорфер.

Трошоците за енергија годинава во просек изнесувале 8,2 отсто од вкупните приходи, а лани само 5,1 отсто.

Извор: Seebiz
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија