Малкумина може да расправаат во врска со фактот дека „Мекдоналдс“ е симбол за брза храна низ светот, но и тоа може да се промени доколку се промени начинот на подготовка и амбиентот во местото.
Иако во повеќето земји низ светот менитот во „Мекдоналдс“ е слично, во Јапонија постои ресторан од ланецот кој е сосема различен. Ресторанот е наречен „Ресторан М“, а во него храната се подготвува и принесува на малку поразличен начин од останатите.
Украсени маси, удобен амбиент, мени кое може да се држи во рацете и вистински прибор за јадење се некои од карактеристиките на „Ресторан М“. На менито се понудени деликатеси од помфрит, зеленчук и класични бургери, кои во овој случај се јадат со прибор за јадење.
Овој ресторан ќе биде отворен само неколку месеци, а во него ќе може да уживаат одбрани посетители.