X
 17.09.2019 Образование

Како да се подготвите за првиот испит?

Првиот испит е најтежок, без разлика дали сте учеле за него или не. Ова е најстресниот ден за секој бруцош. Но, секој студент мора да го помине. Како да го поминете полесно и успешно?

Подготовката за првиот испит треба да почне на првото предавање. Ова вклучува внимавање на предавањата, забележување на најважното, учење, завршување на сите домашни задачи и редовно повторување на материјалот.

Направете план и потрудете се да пронајдете доволно време за учење пред испитот.

На предавањата внимавајте на ситните работи што ги посочува професорот или асистентот. Запишете ги и прашајте за секоја работа што не ви е јасна.

Не пропуштајте го последното предавање пред испитот. На ова предавање професорот ги знае прашањата од испитот и ќе посочува кон нив.

Не заборавајте ги дополнителните материјали за учење. Учебникот честопати не е доволен за да се положи испитот. Повторете ги и вежбите и белешките од предавањата.

Јадете пред испитот. Храната ќе ви даде енергија и ќе ви помогне да се фокусирате. Меѓутоа, одбегнувајте тешка храна која ќе направи да се чувствувате полошо и која бара повеќе енергија за да биде сварена.

Не учете ноќта пред испитот. Спијте барем три часа пред испитот (препорачано е 8, но 3 ќе бидат доволно доколку мора да учите).

Запишете ги главните информации/формули на хартија за брзо да ги повторите повеќепати.

Појавете се порано за време на испитот за да може да бидете сталожени и смирени.

Ставете два аларми за време на испитот, за секој случај.

Одете во тоалет пред да почне испитот. Не сакате да размислувате за биолошките потреби за време на најважниот испит во текот на студирањето.

Смирете се. Подобро ќе размислувате и ќе добиете подобри резултати дури и доколку не сте учеле премногу.

Среќно!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование