X
 28.07.2015 Технологија

Илон Маск и Стивен Хокинг бараат забрана на автономните воени машини

Нема сомнеж дека времето на автономните машини е пред нас. Но, некои паметни и влијателни луѓе би сакале да ги променат работите и да ја спречат катастрофалната иднина навреме.


Повеќе од 1.000 луѓе од светот на технологијата, вселенското патување, компјутерите и математиката потпишале отворена петиција за крај на трката во автономни оружја. Петицијата е претставена денес во Буенос Аирес на Меѓународната конференција за вештачка интелигенција.

На листата може да се најдат имиња како Ноам Чомски, Стив Вознијак, Стивен Хокинг и Илон Маск. Последните двајца јавно предупредија за опасноста од автономните машини во последната година.

Според нив, постои ризик луѓето да ја загубат контролата врз автономните машини за убивање на бојните полиња во иднината. Петицијата, заедно со писмо ќе бидат испратени властите.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија