Северна Кореја поседува технологија за да развие нуклеарна бомба, да реализира разурнувачки сајбер напади, па дури и да упати ракети кон непријателите. Сепак, не креираат авиони кои не се со изглед од времето на Студената војна.
фото извор: Arthur Mebius
„Air Koryo“ има ретро изглед и оригинален ентериер. Нивните летови започнале во 1950 година, со линии од Пјонгјанг до Москва. По падот на Советскиот Сојуз, санкции и недостиг на финансии ја спречиле државната авиокомпанија да купи нови авиони. Сега поседуваат 15 авиони, кои најчесто патуваат до Кина и Русија.
фото извор: Arthur Mebius
Поголемиот број на
авиони датираат од 1960-те години.Патниците кои имале можност да патуваат со нив велат дека малку е застрашувачко, со оглед на стариот начин на работа, но и старите дизајни на авионите.
Според фотографиите може да се долови старовремскиот изглед на авионите, кој потсетува на времето од пред неколку децении.
фото извор: Arthur Mebius