X
 25.05.2016 Живот

Најчестите грешки поради кои авионите паѓаат

Вестите за страшните авионски несреќи веднаш го покренуваат прашањето за безбедноста на воздухопловството и заканите од тероризам. Но, се' додека не се дознаат фактите, не е мудро да се шпекулира што всушност може да предизвика една авионска несреќа.

 

1


Она што го знаеме е дека постојат неколку причини за кои постојат поголеми шанси да се случат.

1. Грешка на пилотот

Како што авионите станаа посигурни, процентот на несреќи предизвикани од грешките на пилотите се зголемија и изнесуваат околу 50%.

Авионите се сложени машини и бараат доста внимание и знаење за нивно управување. Бидејќи пилотите активно се вклучени во сите фази во текот на летот, постојат голем број можности нешто да тргне погрешно, од паѓање на програмите и компјуерот за управување до погрешни проценки во врска со потребното гориво.

Во јануари 2009 година „Airbus А320“ удрил во јато гуски над Њујорк. Капетанот Чесли Саленбергер морал да избира помеѓу неколку опции и да дејствува брзо. Искористувајќи го неговото искуство во летање и познавање на авионот тој се одлучил да слета во реката Хадсон.

 

2


150-те патници не биле спасени од компјутерите или било кој друг автоматски систем туку биле спасени од двајцата пилоти.

2. Механички дефекти

Откажувањето на опремата се смета за околу 20% од причините за паѓање на авионите, и покрај подобрувањата во дизајнот и производството на квалитетот.

Додека моторите се значително посигурни денес отколку што беа пред половина век, сепак тие повремено страдаат од катастрофални механички дефекти.

Во 1989 година, распаѓањето на сечилото од вентилаторот предизивикало левиот мотор од авионот „Boeing 737-400“ да изгуби целосна моќ.

Тешките инструменти за читање придонеле пилотите погрешно да прочитаат кој мотор ја изгубил моќта. Збунети, тие го исклучиле десниот мотор. За кратко време авионот паднал на пистата Источен Мидланд, загинувајќи 47 луѓе и повредувајќи многу луѓе, вклучувајќи го и капетанот и првиот офицер.

Неодамна, „Qantas A380“ во кој имал 459 патници и членови на екипажот, доживеал несопирлив дефект на моторот над островот Батам, Индонезија. Благодарение на вештините на пилотите, авионот слетал безбедно.

 

3


Понекогаш новите технологии воведуваат нови видови дефекти и неуспеси. Во 50-тите на пример, воведувањето на високиот лет, предизвикал нова опасност - „замор“ на металот кој бил предизвикан од циклусот на притисокот на трупот.

Неколку несреќи предизвикани од овој проблем довеле до повлекување на моделот „Havilland Comet“.

3. Временските услови

Лошите временски услови се причина за 10% од паѓањето на авионите. И покрај електронските помагала, сателитската навигација и податоците за времето, временските услови се'уште предизвикуваат авионски несреќи.

 

3


Во декември 2005 година, „Southwest Airlines“ лет 1248, летајќи од Меѓународниот аеродром Балтимор-Вашингтон до Меѓународниот аеродром Чикаго Мидвеј, се обидел да слета во снежна бура. Авионот излетал од пистата и се урнал во паркирани автомобили, при што загинало дете.

Едно од најлошите инциденти поради временските услови се случил во февруари 1958 година кога „Biritsh Airways“ двомоторниот патнички авион се урнал додека се обидувал да полета од аеродромот во Минхен-Рием.

Голем дел од загинатите патници играле за фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед.

4. Саботажа

Околу 10% од причините поради уривање на авион биле предизвикани од саботажа. Ризикот од саботажа има многу помали шанси отколку што луѓето веруваат. Сепак, постојат голем број шокантни напади предизвикани од терористи.

Киднапирањето на три патнички авиони во септември 1970 година во Јордан бил пресуден момент во историјата на авијацијата што предизвикало преглед на безбедноста. Киднапиран од приврзаниците на Народниот фронт за ослободување на Палестина, трите авиони биле уништени со бомба пред очите на светскиот печат.

 

4


И покрај подобрувањата, терористите се'уште успешно успеваат да се провлечат низ безбедноста. Во 2001 година, Ричард Рид се обидел да го урне авионот, меѓутоа неговиот обид бил неуспешен.

5. Други форми на човечки грешки

Останатите загуби се припишуваат на други видови човечки грешки како грешки направени од страна на контролорите на летање, диспечерите, товарачите или инженерите за одржување.

Понекогаш тие работат долги смени со што инженерите за одржување може да направат катастрофални грешки.

 

5


Во 1990 година, пукнало ветробранското стакло на летото „British Airways“ со што за малку ќе загинел капетанот на авионот. Причина за несреќата било тоа што скоро сите 90 завртки кои го држеле стаклото биле помали од потребниот дијаметар. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот