Секој кој го чита ова додека чека лет кој доцни нека запомни: Следниот пат кога ќе летате некаде, проверете дали има летови преку аеродромот во Бристол.
Овој аеродром бил најточниот во светот за изминатата година.
Аеродромот е поврзан со Европа и северна Африка, а изминатата година летовите пристигнувале или полетувале од аеродромот со точност од 94,4%, според статистиките од
ОАГ.
Со овие податоци, овој мал аеродром застанува пред други помали аеродроми, но и поголемите во големите метрополи.
Веднаш по бристолскиот аеродром на листата со најточни аеродроми се најдоа претежно европски дестинации, како Брисел и Берлин, барем кога се работи за мали аеродроми. Јапонскиот меѓународен аеродром во Осака се наоѓа на врвот помеѓу средните аеродроми, со 93,2% точност, а по него се најде „Шереметјево“ во Москва и аеродромот во Копенхаген.
Најточниот голем аеродром е оној во Минхен (89% точност), а по него следува „Хенеда“ во Токио (87,9%) и аеродромот „Си-тек“ во Сиетл (86,2%).
Најпопуларната воздушна дестинација во светот, Атланта, се најде на 12-то место на листата од најточни големи аеродроми (82,4%). Дубаи се најде на 14-то место (82,3%).
Кога се работи за најточните авионски агенции, на врвот се најде „airBaltic“ од Летонија (94,9%). На второто место се најде „Hawaiian airlines“ (92,3%), додека на третото место се најде „Austrian airlines“ (90%).