X
 03.08.2015 Образование

Нов образовен модел без предавања и класични испити

Факултетите и универзитетите не се промениле многу од 1088 година, кога Болоњскиот универзитет го одржал првото предавање. Освен масовните отворени онлајн-курсеви, студентското искуство сè уште се состои од одење на предавања и полагање испити. бб


Нов модел можеби ќе го промени традиционалното високо образование, а има потенцијал да го промени начинот на кој универзитетите, новите и старите, се поставуваат кон учењето. Образованието се смета за основано на компетентност, а новиот модел од студентите бара добивање знаење со индивидуална и независна работа. Моделот им дозволува и на студентите кои веќе имаат знаење од одредена област да го докажат тоа, наместо да слушаат предавања за нешто што веќе го знаат.

Мартин Курцвил, директор на Образовната програма за транформација на „Ithaka S+R“, високообразовна истражувачка и консултантска фирма појаснува дека новиот модел го менува процесот кој бил непроменет со години за да го направи поефикасен.

Образованието основано на компетентност било претставено првпат на Универзитетот „Western governors“, непрофитна институција основана од гувернери од 11 држави во САД во 1996 година. Целта на ова образование била создавање институција која подобро ќе ги подготви студентите за работа со помош на технологијата. Оттогаш, десетина универзитети станале дел од мрежата универзитети кои го поддржуваат новиот модел.


Накратко, овој модел се состои од онлајн-полагање тестови и работа со ментори, кои им помагаат на студентите во процесот на учење. Тоа е речиси обратно од класичното универзитетско предавање. Професорите, односно менторите, работат лице в лице со студентите наместо да се обраќаат на повеќе истовремено.

Впрочем, предавањата воопшто не постојат тука. Студентите одбираат дали сакаат да ги полагаат испитите за предметите од кои веќе имаат познавање или сакаат да работат со ментор претходно. На универзитетите кои го практикуваат овој модел нема рокови. Студентите одбираат кога да полагаат испити, а тоа го прават онлајн, додека менторот го следи полагањето преку интернет. Испитите не се оценуваат, туку се проверува компетентноста на студентот. Студентот може да положи или да падне.

Засега има десетина универзитети во САД кои практикуваат ваков вид студии. Многу експерти изјавиле дека сегашниот модел нема да издржи уште долго. Можеби овој ќе биде неговата совршена замена.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование