Во вторник во раните утрински часови постојат услови за локални врнежи од дожд, пред се во североисточните и западните предели.
Во текот на денот ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици ќе биде во северозападните, западните и југозападните предели каде се очекуваат врнежите да бидат поинтензивни. Во текот на вечерните часови услови за слаб дожд ќе има во регионот на Гевгелиско-Валандовската котлина.
Во североисточните и источните предели се очекува умерено облачно време со повремени сончеви период во текот на целиот ден. Утринските температури од 14 до 23 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 24 односно до 35 степени.УВ индексот ќе има вредност 6.
Во Скопје во вторник ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и посвежо. Во попладневните и вечерните часови постојат услови за локални врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од 20 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 32 степени. УВ индекс 6.
Наредните два дена, среда и четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност, иако јужните, југоисточните и југозападните предели можни се локални врнежи од дожд. Температурите ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 27 односно 39 степени.
Во петок претежно сончево и топло, до максимални температури до 28 односно до 38 степени.
Сончево ќе биде и во сабота, но се очекува благ пад на температурите. Утринските ќе се движат од 12 до 21 степен, а максималните дневни до 26 односно до 37 степени.
Weather4all.com.mk