Во сабота облачно со врнежи од дожд, ветровито и студено. Над 600 метри врнежите ќе бидат од снег. Попладне продор на ладен воздух од север, па врнежите од дожд да преминуваат во врнежи од снег и во пониските предели. Во Гевгелиско-Валандовскиот регион врнежите ќе бидат од дожд, а снег се очекува во текот на ноќта. Ќе дува засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Локално се очекуваат да наврнат до 25 литри дожд, а висината на снежната покрива ќе се движи од 10 до 15 цм, а на планините над 40 цм нов снег. Утринските температури ќе бидат всушност и максималните и ќе се движат од 0 до 8 степени, додека во текот на денот температурите ќе опаѓаат и кон крајот на денот ќе се движат во интервал од -4 до 3 степени.
СКОПЈЕ - Во Скопје во сабота претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, попладне врнежите ќе преминуваат во врнежи од снег а ќе дува и засилен северозападен ветер. Минималната температура од 0 степени, а максималната до 5 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА
Во Македонија во недела ќе биде облачно со слаби врнежи од снег, силен ветер и дневни температури од -5 до 3 степени. Во понеделник претежно облачно со провејување на слаб снег, силен северен ветер и максимални температури од -8 до 0 степени. Трендот на опаѓање на температурите ќе продолжи во вторник и среда кога не очекуваат ледени денови, секаде температурите ќе бидат негативни. Ќе биде претежно сончево со локална облачност. Во вторник утринските температури од -16 до -7 степени, а во среда од -18 до -10, а дневните до -9 односно до -1 степен.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - Поради обилните врнежи од снег кои се очекуваат на планинските превои и на планините и силниот ветер кој може да предизвика поголеми наноси и да ја намали видливоста, ви препорачуваме да ги откажете патувањата.
Weather4all.com.mk