X
 23.03.2015 Живот

Временска прогноза: Какво време не очекува до крајот на работната недела?



Во понеделник во раните утрински часови локално се очекуваат слаби врнежи од дожд а ќе има и услови за локална појава на магла. Во текот на денот ќе биде претежно облачно и релативно топло.

Ќе дува слаб северен и североисточен ветер, а во југоисточните предели ќе дува слаб југоисточен ветер.

Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 2 до 8 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат до 7 односно до 15 степени.

Во Скопје во понеделник во утринските часови со услови за слаби локални врнежи од дожд. Во текот на денот ќе биде претежно облачно и топло. Слаб северен ветер. Утринската температура од 6 степени, а максималната дневна ќе достигне до 12 степени.

Во вторник ќе биде претежно облачно и топло но ќе има услови за појава на сончеви периоди. Мимималните температури од 3 до 10 степени, а максималните ќе се движат од 7 до 15 степени.

Периодот на врнежи ќе започне од среда, па во среда, четврток и петок ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и релативно топло.

Врнежи во текот на целиот ден ќе имаме во среда и петок, а во четврток се очекуваат и повремени сончеви периоди кои ќе условат повисоки дневни температури кои ќе се движат во интервал од 10 до 18 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот