Анкета спроведена на повеќе од 2.000 луѓе открива дека дури 83% од испитаниците навеле дека последните зборови на нивните блиски личности кои биле на смртна постела биле совети кои се однесуваат со врските, пренесува „Дејли телеграф“.
По врските, најчести теми биле кариерата (56%), семејството (43%) и образованието (39%). 29% од испитаниците изјавиле дека личностите на смртна постела им кажале да бидат среќни, а 17% од нив добиле совет да живеат без каење.
- Многумина се обидуваат да дадат последен совет на своето семејство пред да умрат, а тоа го прават бидејќи сакаат нивните блиски да бидат среќни. - велат од фирмата „Perfect choice“, која ја спровела анкетата.