X
 21.02.2024 Живот

Патот на смртта во Шпанија доби црвена линија, еве што значи тоа за возачите

Патот на смртта во Шпанија минатата година однесе десет животи, а најчеста причина за тоа се верижните судири. Овој пат во Малага е еден од најопасните во Шпанија, така што сега еден дел доби и црвена линија.

Досега на 10-километарската делница од патот имаше двојна бела линија. Но, за да запрат сите оние што лудуваат зад воланот, министерството за развој на владата на Андалузија стави црвена линија над двојната бела линија.

Тоа треба да биде предупредување за возачите да останат во нивната лента.

Црвената линија ќе ја следат четири радари и дигитални знаци кои ќе укажуваат на брзината на возилото.

Со воведување на оваа иновативна мерка, надлежните се надеваат дека ќе го намалат бројот на сообраќајни несреќи, но и дека ќе ја подигнат свеста на возачите за важноста на безбедноста на патиштата, особено на делниците со голем број сообраќајни несреќи.

Во краен случај, надлежните најавуваат воведување камери и радари кои ќе ги покриваат критичните точки.

Извор: Tportal.hr
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот