Дали ако вашето дете се качува по лизгалка во паркот ќе го спречите? Дали е во ред да користи остра пила? Ако треба да игра или да оди да спие, дали ќе инсистирате да ја заврши својата домашна задача?
Не се качувај по лизгалката. Напиши си ја домашната задача. Овие се некои од најсветите правила на родителите. Но, дали на нашите деца би им било подобро ако ги заборавиме овие правила?
Ризикот за здравјето е дел од животот. За родителите, ова може да значи повторно осмислување на родителската мудрост за која отсекогаш сте знаеле. Безбедноста на децата не е поврзана само со нивната заштита. На децата им е потребен ризик и конфликт - во доза за деца. Децата стануваат побезбедни кога се здобиваат со алатки и искуства со кои треба да се соочат во животот.
Како стоите на овие контра
стратегии на родителство?
1. Остри ножеви, чекани и пили
Ниту едно дете не сака да се повреди. Откако детето ќе го сфати концептот на „остро“ тоа ќе направи се` што може за да избегне крв и фластери. Со тренинг, дури и мало дете може да користи нож и да исецка овошје или зеленчук. Но, потребно е ова да го направите нежно; добро би било да започнете со банана и нож за путер. Тренирајте ги вашите деца и потоа дозволете им да се обидат. Кога ги ставате децата задолжени за сопствената безбедност тие стануваат посвесни за нивните тела и се здобиваат со вредни вештини и доверба. Во Монтесори училиштата децата ги подготвуваат своите оброци.
2. Прочитајте им тажна приказна како „Пајажината на Шарлота“
Сите сакаме да ги поштедиме нашите деца од тага, па често пати ги менуваме тажните завршетоци на приказните и го задржуваме фокусот на среќата. Но исто како и нас, децата не се среќни постојано. Нив им е потребна пракса за да се справат со чувствата како тага, страв и лутина. Книгите се одлични за да вежбате со децата и можат да ги развијат емпатијата и сочувството кај децата.
3. Зборување со непознати
Стариот совет „не зборувај со непознати“ повеќе не функционира. Прво, сега познато е дека семејството и пријателите се оние кои најмногу можат да му наштетат на детето. Второ, децата се побезбедни кога стекнуваат вештини на снаоѓање на улица, а не кога се парализирани од страв. Предупредувањата за непознатите личности ги збунуваат младите деца. Кој е непознат? За малите деца, тоа е некој кој е голем или злобен или носи смешна облека. Многу деца мислат дека една личност повеќе не е непозната откако таа ќе го каже своето име. Непознатите личности често пати можат и да го спасат вашето дете, па добро би било да му кажете дека ако некогаш се изгуби, треба да побара некој татко или мајка за да му помогнат.
4. Прескокнување на домашната задача
Треба да знаете дека придобивките од домашната задача зависат од возраста на детето. Најдобро функционираат во средно. За младите ученици, домашната задача е нешто кое му одзема внимание од другите клучни развојни потреби како што се сонот и играњето. Едно истражување открива дека домашната задача во основно не покажува академска корист. Едно е јасно: ноќните битки со уморните 7 годишни деца не им помагаат никому.
5. Прескокнување на градинката
Градинката не е задолжителна. Локалната градинка можеби е одлична за вашеето дете, но ако не е, постојат алтернативи, како што е прескокнувањето на градинката и одењето директно во прво одделение. Постојат многу начини на кои можете да ги подготвите децата за училиште, а младите деца можат да се подготват преку неакадемски активности како што е физичката и имагинативната игра.
6. Качување
Кога децата се искачуваат по погрешната страна од лизгалката, ние се обидуваме да ги спречиме. Делумно тоа го правиме за да го избегнеме судењето во очите на другите родители, но и поради загриженоста за детето. Најчестото сценарио во паркот е избегнувањето на конфликти. Но, децата имаат корист од соочувањето со конфликтите и пронаоѓањето на решенија, вклучувајќи и поставување на граници на други деца.