Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во
Централна и Источна Европа денес ги соопштува двете победнички за новиот бренд
амбасадори во Република Македонија. Програмата на Wizz амбасадори го
препознава квалитетот во извршувањето на услугите и фокусот на клиентите од
страна на членовите на екипажот. Повеќе од 69.000 патници и фанови гласаа
онлајн, за избор на нови амбасадори од 39 кандидати кои ќе ја претставуваат Wizz
традицијата за одличната услуга како и нивната земја.
Во Македонија, победници се Никовска Кристина , 30 години од Скопје и Спасеска
Александра, 25 години од Скопје. Двете ќе го претставуваат Wizz и Македонија во
38 земји ширум светот. Додека се одржуваат нивните должности како членови на
екипажот, Wizz амбасадорите ќе бидат достапни за работа со медиумите,
училиштата и други субјекти за да бидат добро познати кај пошироката јавност.
„ Јас сум воодушевена што сум избрана за еден од Wizz амбасадорите од страна на
патниците. Со самото станување на член од екипажот, сонот од детството ќе ми се
исполни, а ја сум подготвена да го превземам предизвикот и да бидам претставник
на Македонија, Wizz Air и мојата професија“ изјави Никовска Кристина.
„ Да се биде избрана за еден од новите Wizz Амбасадори за мене претставува голема
чест. Работата е мојата страст и јас сум нетрпелива да бидам дел од екипажот и да
имам динамичен живот“,изјави Спасеска Александра.
“Стјуардесите на Wizz Air се стремат да споделат вистинска страст на своите работни
места и секогаш се стремат да им дадат одлично искуство на патниците. Тимот на
Wizz амбасадорот се состои од 24 членови на екипажот кои беа избрани за
најдобри од страна на нашите патници“, изјави Wizz Air заменик директорот Owain
Jones. “Wizz амбасадорите го претставуваат брендот и вредностите во нивната земја
а и пошироко преку учество на медиумите и со добротворни настани во целиот
регион. Сите тие се навистина посветени професионалци, чија возбудлива кариера
може да се следи на социјалните медиуми на Wizz Air и да се сретнат лично на