Летото 1944 година било полно со надежи и скршени срца насекаде низ Европа. До август, Американците и Русите полека ја победуваа Германија. Варшава беше во виорот на нејзиното крваво востание.
А во срцето на Амстердам, Ана Франк се криела заедно со нејзините родители, Ото и Едит, нејзината сестра Маргот, семејството Ван Пелс и Фриц Пфефер, чекајќи војната да заврши. Тие во текот на криењето ги издржаа бомбардирањата, се соочија со глад, два обиди за влегување во скривницата и многу немаштија за време на двегодишното криење, а неизвесноста започнала да го зема својот данок. Тие биле бледи и прегладнети од животот без сонце, но сепак биле благодарни што се живи.
Ана на 13 години започнала да го пишува дневникот, а додека се криела таа учела, се карала со мајка и`, го доживеала својот прв бакнеж и го гледала цутењето и умирањето на големиот костен во задниот дел на куќата.
На прв поглед, таа била преплашена дека ќе бидат откриени.
„Тоа што не можам да излезам надвор ме вознемирува повеќе отколку што може да се каже, и јас сум преплашена поради тоа што нашата скривница може да биде откриена и ние да бидеме застрелани“, пишува Ана во својот дневник во септември 1942 година. „Тоа е, секако, доста лоша замисла“. Но во август 1944 година таа веќе имала други грижи. Таа започнала со ревидирање на нејзиниот стар дневник, пишувајќи за тоа како станала сосема нова личност. Во нејзините последни внесувања во дневникот, таа пишува за стравот од ранливост - како луѓето ќе откријат дека под нејзината дрскост таа во суштина е длабоко сериозна, и длабоко емотивна млада жена. „Не можам да продолжам со тоа. Конечно го вртам моето срце за да биде однадвор лошо, а од внатре добро и се обидувам да пронајдам начин да откријам што сакам да бидам и што би можела да бидам“.
А на 4 август 1944 година, се` се променило.
4 август, 1944 година
(времето е приближно)
08.00 часот - Меп Гис доаѓа горе за да ја добие листата за купување. Ана весело ја поздравува и прашува дали има некакви новости.
Пред 11 часот - Анонимен телефонски повик до нацистичката канцеларија во Амстердам тврдејќи дека се кријат Евреи на 263 Принсеграхт.
11 часот - Човек во цивилна облека влегува во канцеларијата со вперен пиштол кон Меп, Беп Воскујл и Јоханес Клеиман, кои работеле во предната канцеларија. Холандски полицаец и германски офицер пристигнуваат во истиор период и го тераат Виктор Куглер да ги прошета во зградата.
11.15 часот - Сопругот на Меп, Јан, пристигнува за ручек. Мп му го дава ручекот, пари и неколку нелегални картички и му кажува дека нешто не е во ред. Тој брзо заминува.
13.00 часот- Климан му ги дава клучевите од канцеларијата на Меп. Тој и` вели да се држи понастрана од ситуацијата, меѓутоа таа одбива, но ги следи неговите инструкции за да спаси она што може да биде спасено.
13.15 часот - Холандски полицаец влегува во канцеларијата на Меп и прашува дали може да биде испратен автомобил. Германскиот офицер, Карл Силбербауер, доаѓа во канцеларијата и Меп сфаќа дека тој има виенски акцент. Тој се соочува со неа и таа останува смирена се` додека тој не му се заканува на нејзиниот сопруг, кого таа го брани.
13.30 часот - Меп го слуша семејството Франк, Ван Пелс и Пфефер како одат по скалите. „По нивните чекори сфатив дека слегуваат надолу како претепани кучиња“, пишува таа. Во исто време, Хан стои преку каналот од канцеларијата со братот на Клеиман. Заедно, тие гледаат како нивните пријатели бегаат од канцеларијата во зелен камион. Секој носи мала багаж. Иако камионот возел на неколку чекори од нив, Хан не можел да ги погледне лицата на семејството Франк.
17.00 часот - Беп и Хан се враќаат во канцеларијата. Заедно со Меп, одат во скривницата, во која било целосен хаос. Таму Меп го пронаоѓа дневникот на Ана рафрлан по подот на спалната соба на нејзините родители. Таа го зема, заедно со шалот на Ана.
Иако Клеиман и Куглер биле ослободени или избегале од затвор, семејството Франк, Ван Пелс и Г-дин Пфефер немал толку среќа. Иако Меп и Хан молеле и се пазареле за нивната слобода, семејството Френк завршило во Вастерброк и од таму во Аушвиц пред целосно да бидат транспортирани во Германија. Прегладнета, Ана починала во март 1945 година во концентрациониот логор Берген-Белсен во Германија. Нејзиниот татко Ото е единствениот преживеан од семејството.
Илјадници холандски граѓани вршеле отпор за време на војната, криејќи ги нивните еврејски пријатели и документирајќи го теророт што се вршел врз нив. Апсењето на Ана би изгледало како фотографијата погоре.
Засега, нема фотографии од ужасниот ден во Август, меѓутоа можеби некој сосед го документирал настанот, но веројатно доказите биле изгубени во бомбардирањето или заборавени во книга. Можеби фотографијата од семејството Франк ќе излезе некогаш, како оваа снимка на која се гледа Ана.