X
 02.09.2022 Живот

Беше најскапиот фудбалер на светот, а денес прави мед за да го прехрани семејството

Она што денес се нормални трансфери, пред три децении беа светски рекорди. Првиот трансфер поголем од 10 милиони евра значел и светски рекорд.

Откако одиграл неколку одлични сезони во дресот на Торино, најголемите клубови на Апенините почнале лицитација за Џанлуиџи Лентини, кој бил одличен крилен напаѓач.

Победата на крајот на 1992 година ја освои Силвио Берлускони, кој го донесе Италијанецот во својот Милан за тогашни вртоглави 13 милиони фунти. Во тоа време тоа беше апсолутен светски рекорд.

Неколку недели по трансферот, Лентини доживеа сообраќајна несреќа и се здоби со фрактура на черепот, па неколку дена беше во кома. Оттогаш не е истиот играч.

Кобната несреќа придонела да го изгуби местото како стандарден репрезентативец, поради што го пропушти Светското првенство во САД во 1994 година.

- Во тоа време беше невозможно да им се каже на Росонерите. Да можев, сѐ би повторил. Ми недостига Светското првенство со репрезентацијата, да. Се квалификував да одам во САД, но тогаш се случи сообраќајната несреќа - рече во една пригода Лентини.

Дресот на Милан го носеше во наредните четири години, успеа да игра на 60 натпревари иако постигна само три гола. Потоа играше за Атланта во тандем со тогаш младиот Филипо Инзаги.

Потоа настапуваше за голем број тимови од пониските лиги, за на 40-годишна возраст да се повлече од фудбалот. Денеска е пчелар и произведува мед за да го прехрани семејството.

1
Фото: Instagram

- Во животот никогаш не вели никогаш. Оваа авантура ме фасцинира, контактот со природата и новите искуства се помалку стресни отколку фудбалот, но климатските промени и пестицидите го загрозуваат опстанокот на пчелите - вели Лантини.

Интересно е тоа што на теглите со мед се наоѓа негова фотографија од фудбалските денови. Веројатно за повеќе да го привлече вниманието кон себе и да успее да продаде што повеќе тегли.

- Никогаш не ми се допаѓаше животот на фудбалер надвор од терените. Озлогласеноста, контроверзноста и сето тоа. Сакав да играм фудбал и тоа беше тоа. Кога реков доста, ми беше тешко. Сега мислам дека е доцна да се вратам во тој свет. Никој не ме бара, но тоа не е проблем - вели Лентини.

Со Торино, со кој најмногу му се поврзува името, освои две Серии Б. Едната на самиот почеток, а другата на крајот од кариерата. Тој го предводеше овој тим до финалето на Купот на УЕФА во 1992 година, кога Ајакс беше поуспешен во двомечот.

Иако не играше долго време за Милан, како член на Росонерите ги подигна трофеите во Лигата на шампионите, три скудета и три италијански Суперкупа.

Извор: 6yka.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот