X
 13.04.2024 Живот

Стара папка со писма од таткото на Ана Франк открива дека тој барал азил за семејството во други земји

Ана Франк е симбол на толеранција и лице на холокаустот. Во архивата „Јиво“ во Њујорк, волонтер открил вистинско богатство во стара папка - писма од Ото, таткото на Ана.

Оваа кореспонденција ја открива неговата борба да добие визи и да го спаси семејството од холокаустот. Неговите барања за визи биле одбиени, а држава по држава, светот му свртил грб.

Така, семејството Франк, без азил и надеж, останало беспомошно, па се сокрило во тајно засолниште.

За она што им се случило кога биле откриени, зборуваат членовите на семејството Френк, роднините и братучедите. Мајорот Леонард Берни, кој го ослободил логорот Берген Белсен каде што умреле Ана и нејзината сестра Маргот, ги кажува непознатите детали за тоа што претрпело семејството на Ана.

Токму за ова се раскажува во филмот „Без азил: Нераскажаното поглавје од приказната за Ана Франк“. Во филмот, режисерката Пола Фаус ги претстави писмата на таткото на Ана Франк, Ото Франк, и цела голгота што тој ја поминал за да најде азил во некоја од државите.

- Најтешкиот дел беше добивањето архивски материјал. Но, ова е важна приказна, достојна за пречките со кои се соочувало семејството. Дознав дека светските влади намерно го блокирале влезот и не успеале да им помогнат на безброј бегалци кои потоа починале поради нивната неактивност. Биле убиени Роми, Евреи, хомосексуалци, невини луѓе со вродени мани и многу други. Денес има слични конфликти и геноциди кои уништуваат цели популации. Исто така, сегашната бегалска криза што ја зафати Европа ја отсликува огромната криза за време на Втората светска војна. Би сакала гледачите да бидат инспирирани да помогнат во борбата против предрасудите и спречување геноцид - вели таа.

Извор:24sedam.rs
Фото: Viasat History
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот