X
 07.08.2015 Живот

12 годишно девојче има повисока интелигенција од Ајнштајн и Стивен Хокинг

девојка

 

Никол Бар е 12 годишно девојче од Есекс, Англија којашто освои 162 поени на Менса IQ тестот - два поени повисоко од Ајнштајн и Стивен Хокинг. За човек да биде генијалец, треба да има 140 поени.


Таткото на Никол, Џим Бар, ја однел Никол да го направи тестот со надеж дека таа ќе биде прифатена во Менса.

„Очекував да има добри резултати. Знаев дека може доста брзо да решава проблеми и загатки“, вели Џим. „Не сакав да и` правам дополнителен притисок, па сето тоа го сфативме како еден вид на забава. Имав претчувство дека ќе влезе во Менса, но кога ги добивме резултатите назад, помислив: „Тоа се доста високи поени!“. Подоцна научив дека тоа се највисоките можни поени кои можат да се добијат на тестот.

Престижната асоцијација ги потврди импресивните IQ поени на девојчето.

„Нејзиното IQ ја става меѓу топ 1% од населението“, изјави портпаролот на Менса. „Само децата можат да постигнат повисоко од 161, бидејќи тоа е максимумот за возрасен. Тестот е прилагоден за децата. Иако 162 поени не се непознати за нас, сме имале случаи, меѓутоа може да се каже дека се многу ретки“.

Никол се надева дека еден ден ќе работи во полето на медицината.

„Таа е доста амбициозно и вредно дете. После училиште останува во клубот за домашни задачи и никогаш не пропушта нитуеден ден“, вели мајката на НИкол. „Уште од мала возраст пронаоѓа грешки во книгите и магазините. Таа е среќна девојка која секогаш бара екстра домашни задачи. Одлучна е да го заврши училиштето и да оди на универзитет за да еден ден да стане педијатар“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот